ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува групната фаза во ЛЕ – македонскиот вицепрвак ja чека Воjводина!

Денес стартува новата сезона во Лигата на Европа, во која актуелен бранител на титулата е Фуксе Берлин.

Во рамки од групниот сегмент од Лигата на Европа клупски претставник на Македонија е вицепрвакот Алкалоид.

Тимот од Автокоманда денес од СЦ „Јане Сандански“ со дуел против Војводина ќе ја започне дебитанската сезона на европска сцена.

Избраниците на Кире Лазаров за ривали во рамки од групата Ф ги имаат уште екипите на Силкеборг и Ла Риоха.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески заедно со Бенфика во рамки од првото коло ќе се соочат со Нант, додека Ловќен на Бојан Маџовски ќе му биде гостин на Елверум.

Распоред на денешните натпревари во Лигата на Европа:

18:45 СИЛКЕБОРГ  – ЛА РИОХА

18:45 ЕЛВЕРУМ – ЛОВЌЕН

18:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – ШАМБЕРИ

18:45 ГОРЕЊЕ – ВИНТЕРТУР

18:45 КРИЕНС – ХАНОВЕР

18:45 КРИСТИЈАНШТАД – РАЈН НЕКАР

18:45 БИСТРИЦА – БРАГА

18:45 ТАТАБАЊА – КОНСТАНЦА

18:45 ЗАБЖЕ – АЕК

20:45 АЛКАЛОИД – ВОЈВОДИНА

20:45 ДИНАМО – ИЗВИЃАЧ

20:45 ФЛЕНСБУРГ – КАДЕТЕН

20:45 НАНТ – БЕНФИКА

20:45 НЕКСЕ – СКЈЕРН

20:45 СПОРТИНГ – ХОБРИ ГЛОГОВ