Тимот на Тиквеш денеска ќе го има европското деби и ќе го одигра првиот меч од втората рунда на Европскиот Куп против австрискиот Куп.
За оние што не знаат, своевремено ВВ Тиквеш беше екипата од Кавадарци што играше во тогашниот Челинџ Куп, па ова не е камбек за Тиквеш во Европа, туку деби.
Стратегот на Тиквеш, Никола Матлиески, ќе смета на најсилниот ростер, додека гостинскиот тим во составот има 13 ракометари.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Кремс се игра вечерва во спортската сала „Јасмин“ со почеток во 19:00 часот.