Тимот на Ваљадолид, каде што играат македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски, забележа нова победа во Асобал лигата.
Ваљадолид на домашен терен го совлада составот на Куенка со 29-26, откако на полувреме беше 15-12.
Димитриоски и Димитиевски имаа пауза поради лесни повреди, а денеска својот камбек во составот го одбележаа со по еден погодок од еден обид.
Ваљадолид сега има седум бода и се наоѓа на третото место на табелата зад водечките Барселона и Бидасоа Ирун.