Норвешкиот шампион Колстад по лошиот старт на домашна и меѓународна сцена, успеа да се консолидира за момент.
Колстад пред една недела го доби дерби дуелот против Елверум, додека во Лигата на шампионите откако неочекувано загуби од Загреб, во 4. коло славеше убедлива победа над ПИК Сегед со 37:24.
Тимот предводен од Кристијан Берге на почетокот на сезоната во домашниот шампионат киксна на два натпревари и сега го очекува тешка битка за одбрана на титулата.
Ѕвездата на Колстад, Сандер Сагосен, во интервју за ракометниот портал „Handball-world.news“ зборуваше за случувањата во норвешкиот шампион и истакна дека неговиот тим не ужива многу поддршка во татковината.
,,Имавме лош период зад нас, многу турбуленции и неизвесност. Можам да кажам дека многу луѓе се радуваа на поразите на Колстад и во Норвешка сите се радуваат кога ние ќе изгубиме”, додаде Сагосен.
Колстад на 19 октомври на свој терен ќе го пречека Кил во натпревар од Лигата на шампионите.