Некогашниот пивот на Металург и Вардар, Мијајло Марсениќ, прослави голем јубилеј во Бундес лигата.
Тој стигна до бројка од 500 постигнати погодоци во најсилната ракометна конкуренција во светот.
Членот на Фуксе Берлин и српски репрезентативец ова го направи за пет сезони во дресот на „лисиците“.
Фуксе Берлин има девет победи на девет натпревари во Бундес лига и сезонава е еден од најголемите фаворити за титулата.