Бошњак: Ја подигаме формата од натпревар во натпревар и напредуваме како тим

Тимот на Струга загуби на гостувањето во Автокоманда кај македонскиот вицепрвак со 38-18, иако во првиот дел беше нерешено, 13-13.

Десниот бек на гостинската екипа Мерис Бошњак, вели дека напредуваат како тим и полека се подига формата.

„Тешко гостување е зад нас, против сериозна екипа каква што е Алкалоид. На крајот голема е разликата, но ние сме задоволно со играта во првиот дел. Ја подигаме формата, од натпревар во натпревар и напредуваме како тим. Не би трошел повеќе зборови за овој дуел, бидејќи не чека еден тежок, дерби натпревар против Еурофарм Пелистер 2 и некако сме веќе фокусирани на нив. Тоа за нас ќе биде најверојатно и најважен натпревар досега. Пак ќе кажам, имаме квалитет“, вели Бошњак.

Струга ја очекува домашен натпревар против Еурофарм Пелистер 2, на кој ќе се брка победа за продолжување на битката за плеј-оф.

„Сините“ од Автокоманда се мачеа едно полувреме со Струга, но на крај славеа убедливо