По елиминацијата од Европскиот Куп, екипата на Чаир се сврте кон домашните обврски и во заостанатиот натпревар од Женската лига го совлада Пелистер со 38-9.
Победникот беше познат уште по првото полувреме, кое избраничките на Басри Љатифи го добија со 20-6.
Битолчанки имаа една празнина од 11 минути во првиот дел кога не можеа да погодат во домашниот гол, па затоа имаа висока негатива на паузата.
Второто полувреме беше само формалност. Битолчанки последниот гол го постигнаа за 28-9 во 43. минута, а потоа до крајот не погодија ниту еднаш.
Стрелаа само домашните ракометарки, кои покажаа дека поразите во Европа се минато и на крајот прославија победа со 29 гола разлика.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Теодора Дукоска со десет и Озкан Севданур со седум гола, додека по три за поразениот тим постигнаа Сара Рујановска и Ана Марија Талева.