Екипата на Пелистер се израдува на првата победа во новата сезона во Женската лига, откако на свој терен го совлада Скопје со 22:19 (14:8).
Освен неизвесниот старт и нерешените 2:2, се мина во знакот на домаќинките, кои беа подобриот противник на теренот во речиси сите 60 минути.
Пелистер клучната разлика ја направи уште во воведниот дел кога се одлепи на 7:2 и до крајот не му дозволи на гостинткиот тим да има било какви шанси за камбек.
Во битолскиот тим се истакнаа Сара Рујановска со шест и Кристина Наумовска и Боника Босилковска со по пет погодоци.
Кај Скопје најефикасни со пет реализации беа Стефани Ристиќ и Росана Павлова.