Денеска се игра последниот натпревар од четвртото коло во Супер лигата во салата „Антон Димитров“, каде Бутел Скопје ќе го пречека Голден Арт.
Се играат и четири средби од Женската лига во Штип, Битола, Скопје и Куманово, а ќе бидат активни и прволигашите.
Единствениот преостанат претставник од дамите во Европа од македонските екипи – Ѓорче Петров во Црна Гора оди по заверка на пласманот во третата рунда.
Македонскиот првак славеше дома против Тиват со 43-22, па реваншот ќе биде само формалност.
Низ Европа се играат натпревари од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп, а настапи ќе имаат и македонските интернационалци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 АСТИБО – ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
13:00 ШАМПИОН – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
13:00 СПАРТАК – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ТЕКСТИЛЕЦ – БОРЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГОЛДЕН АРТ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 АСТРАИОН – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ТИВАТ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (ЕВРОПСКИ КУП)
14:00 САВЕХОФ – ЧСМ БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:00 ЃЕР – БУДУЌНОСТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:00 ИКАСТ – КРИМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)