Чаир со втор убедлив пораз се збогува од Европа

По убедливиот пораз на домашен терен со 13 голови разлика, тимот на Чаир со уште еден загубен натпревар се прости од Европа за оваа сезона.

Чаирчанки одново беа поразен од холандскиот Венло, овојпат на гостински терен и тоа уште поубедливо, 43-18.

Победникот на овој дуел се насетуваше уште на стартот кога домаќинките поведоа со 7-1, а беше и 10-2.

Кон крајот на првиот дел повреда заработи Хана Мифтари, имаше голем прекин, а на пауза Венло водеше со 22-9.

Второто полувреме беше само формалност, а Чаир не успеа да го поправи впечатокот и со два порази доживеа елиминација од Европскиот Куп.

Најдобри стрелци кај Чаир беа Николовска со четири, како и Диневска и Рахмани со по три гола. По овој двомеч, на чаирчанки им преостанува да се посветат само на обврските на домашна сцена.