Денеска со натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид ќе биде означен стартот на новата сезона во машката младинска лига.
Во новата сезона ќе играат вкупно 13 екипи, кои ќе одиграат 26 кола во регуларниот дел, по што ќе биде познат шампионот.
Интересни средби ќе има во Битола, каде двата тима на Еурофарм Пелистер ќе играат против Тиквеш, односно Прилеп.
Бутел Скопје ќе го пречека Мулти Есенс, Охрид дома игра со Овче Поле, додека колот ќе се комплетира со дуелот меѓу Пролет и Младост Богданци.
Шампионот Голден Арт е слободен во првото коло.
Младинска лига, 1 коло:
30/09, 14:00, Вардар – Алкалоид
30/09, 16:00, Охрид – Овче Поле
01/10, 10:00, Еурофарм Пелистер – Тиквеш
01/10, 19:00, Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп
02/10, 18:00, Бутел Скопје – Мулти Есенс
02/10, 20:00, Пролет – Младост Богданци
Голден Арт слоб.