Шампионот Ѓорче Петров ја забележа втората победа во новата сезона од Женската лига, откако славеше во заостанатиот натпревар против Стружанка со 34-19.
Победата беше обезбедена уште по првото полувреме, кога домаќинките водеа со десет гола разлика, 17-7.
Тренерот Симе Симовски комбинираше со ростерот и им даде шанса на сите ракометарки меѓу двата европски натпревари.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска со по шест погодоци.
Во составот на Стружанка се истакнаа Теодора Маркоска со шест и Мендувие Далипоска со пет гола.
Ѓорче Петров претстојниот викенд му гостува на црногорскиот Тиват, кој го победи со 21 гола разлика на првиот меч од втората рунда во Европскиот Куп и реваншот ќе биде формалност.