Македонскиот голман Мартин Јовановски го освои трофејот во Супер Купот на Кипар со неговиот клуб Анортозис.
Тимот од Фамагуста славеше во натпреварот против Парнасос Строволу со 23-17, иако на полувремето ривалот водеше со 9-8.
Јовановски беше меѓу клучниот поединци на теренот, особено за пресвртот во второто полувреме и запиша вкупно 15 одбрани.
Македонскиот чувар на мрежата пред стартот на сезоната беше прогласен за МВП и најдобар голман на турнирот во организација на АЕК Атина.