Машката репрезентација на Македонија како дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Германија, ќе одигра пријателски натпревари против селекцијата на Грција.
Според информациите кои 24Ракомет ги доби од Ракометната федерација на Македонија, во рамките на првата ЕХФ недела оваа сезона (30.10-05.11), избраниците на селекторот Кире Лазаров два пати ќе тестираат со јужниот сосед.
Грците за првпат обезбедија место на еден континентален собир, откако одиграа добри квалификации со Хрватска и Холандија.
Најверојатно двете селекции ќе одиграат уште две пријателски средби и во последните подготовки пред Европското првенство во јануари, но тие допрва треба да бидат потврдени.
Македонија е во група со Франција, Германија и Швајцарија на ЕП, додека Грција ќе игра против Чешка, Португалија и Данска.