Македонската интернационалка Марија Тасевска заедно со нејзиниот нов клуб, Јагодина, со победа ја започнаа сезоната во српскиот шампионат.
Јагодина на гостувањето кај Младост во Нови Пазар немаше проблеми да оствари победа, која беше изразена со осум гола разлика, 27:19 (14:10).
Повремената репрезентативка на Македонија во дуелот со Младост имаше 100% реализација, постигна еден гол од еден обид и одигра одлично во одбраната.
Тимот на Тасевска пред една недела го освои Супер куп трофејот во Србија, откако покажа доминација против Бекамент ББ совладувајќи го со десет гола разлика, 28:18.
Следен предизвик за Тасевска и колешките ќе биде дуелот против Напредак од Крушевац.