Изминатиот викенд се одиграа дел од реванш средбите од првото коло во Европскиот Куп, во кое Македонија имаше двајца претставници.
Дејан Кукуловски со чешкиот Брно и Владимир Темелков со Керженг од Луксембург се пласираа во втората рунда.
Брно загуби кај Жубри со 32-28, но имаше шест плус од првата средба и оди во второ коло. Кукуловски беше најдобар стрелец во Брно со пет гола.
Керженг по ремито кај Талин, дома славеше со десет гола, 34-24, а некогашното десно крило на репрезентацијата, Темелков, беше стрелец на два погодока.
Понатаму одат и исландските екипи Валур, каде игра Александар Петерсон, и кој со две победи го елиминира литванскиот Гранитас, како и Хафнарфјордур, каде игра Арон Палмарсон, кој го мина грчкиот Диомидис.
Во второто коло пласман обезбедија турските Спор Тото и Бешикташ, австриските Фиверс и Брегенц, како и израелскиот Холон, босанската Слобода Тузла, италијанскиот Бриксен и тимот што играше на струшкиот турнир, српскиот Динамо Панчево.
Европски Куп, резултати, 1 коло:
ХИФК (Финска) – Спор Тото (Турција) 28-29, 29-36
Бешикташ (Турција) – Донбас (Украина) 41-30, 43-19
Берхем (Луксембург) – Фиверс (Австрија) 33-33, 23-33
Меран (Италија) – Динамо Панчево (Србија) 27-30, 31-30
Брно (Чешка) – Робе Жубри (Чешка) 28-22, 28-32
Талин (Естонија) – Керженг (Луксембург) 26-26, 24-34
Амбер (Литванија) – Бриксен (Италија) 23-34, 29-28
Валур (Исланд) – Гранитас (Ливенија) 27-24, 33-28
Диомидис (Грција) – Хафнарфјордур (Исланд) 32-32, 18-26
Холон (Израел) – Неистин (Фарски Острови) 34-23, 30-26
Мистра (Естонија) – Брегенц (Австрија) 25-30, 24-33
Клаксвик (Фарски Острови) – Слобода Тузла (БиХ) 19-30, 18-23