Поранешниот шампион и актуелен освојувач на Куп трофејот, Куманово, имаше победнички старт на новата сезона во Женската лига.
Избраничките на Славиша Димитријески, кој располага со ослабен состав во однос на минатата сезона, славеа на гости кај Гевгелија со убедливи 43-15.
Победникот беше решен уште по првото полувреме кога гостинките направија огромна предност од 26-5.
Шанса за настап добија сите ракометарки, а во Куманово се истакнаа Сара Цветановска со 10 гола, како и Сара Богојеска и Адела Еленин со по осум.
Во составот на Гевгелија, која исто така е ослабена во однос на минатата сезона, најдобар стрелец беше Елена Димова со шест гола.