Легендата на аргентинскиот ракомет, Диего Симоне, најверојатно ќе потпише нов договор со Монпелје.
Како што пишува „Л’Екип“, средниот бек и францускиот тим би требало да ја официјализираат продолжената соработка.
Симоне настапува во Монпелје од 2013 година и за тоа време одигра 204 натпревари и постигна 584 гола.
Низ дел од европските медиуми се споменуваше интерес од Барса по заминувањето на Циндриќ и повредата на Макуц.
Покрај Барса, се пишуваше и за трансфер во Куенка, каде што игра неговиот брат Пабло, но се чини нема ништо од заминувањето во Асобал лигата.