Македонскиот првак Еурофарм Пелистер в среда против норвешкиот Колстад ќе ја започне сезоната во Лигата на шампионите.
Тренерот Александар Јовиќ вели дека неговиот тим ќе се прикаже во најдобро светло оваа сезона.
„Колстад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колстад гаи екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреваруваме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Се спремаме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки. Анализиравме доста детали каде сите заеднички грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците. За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите“, вели Јовиќ.