Каталонскиот гигант Барселона се спаси од пораз кај незгодната Бидасоа и одигра реми, 26-26, во натпревар од првото коло од Асобал лигата.
Бидасоа водеше со плус три по првото полувреме, 16-13, а во вториот дел имаше и предност од пет гола.
Во последните десетина минута беше и 25-21 за домашниот тим, но се разбрани голманот Нилсен и Барса погоди четири пати по ред.
За 25-25 погоди Фраде кога останаа четири минути за игра. Нието погоди за Бидасоа, веднаш потоа и Лангаро за реми.
И двете екипи имаа напад, но не го реализираа, па мораа да се задоволат со по еден бод од овој натпревар.