Ракометна Битола ја очекува премиерата на Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на шампионите.
Прв гостин во „Боро Чурлевски“ ќе биде норвешката екипа Колстад, в среда, 13 септември во натпревар што ќе започне од 18:45 часот.
Цело лето клубот во соработка со Општина Битола работеa на изгледот на салата „Боро Чурлевски“, и внатре и надвор.
Реновирани се сите соблекувални, паркингот пред салата, сите простории…па Битола подготвена ќе ја дочека европската елита.