Поранешниот ракометар на Вардар, Даинис Кристопанс, од ПСЖ направи трансфер во Мелсунген и веќе на првите натпревари во Бундес лигата покажа дека е големо засилување во амбициозниот тим.
Летонецот, кој повторно соработува со тренерот од Вардар, Роберто Гарсија Парондо, изјави дека амбициите на Мелсунген се пласман меѓу најдобрите шест екипи, односно обезбедување пласман на европска сцена.
,,Јасно е дека деветтото место на крајот од минатата сезона никому не му одговараше. До самиот крај тимот се бореше за место меѓу најдобрите шест екипи и излез во Европа, но на Мелсунген му недостасуваа само четири бодови. Задачата на тимот во оваа сезона е да влезе меѓу првите шест екипи и да избори настап во европските натпреварувања. Ова нема да биде лесно да се направи, бидејќи во Бундес лигата како што сите знаат, нема лесни натпревари“, вели Кристопанс за официјалната страна на ракометниот сојуз на Летонија.
Мелсунген во првите три кола од Бундес лигата беше подобар од Гепинген, Лајпциг и Хамбург.
Кристопанс потсети на игрите од Вардар – со десетка го „почести“ Лајпциг (ВИДЕО)