По триумфот над Бор и Металург Автокоманда, тимот на Вардар славеше третпат по ред на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.
Вардарки на домашен терен беа подобри од составот на Спартак со убедливи 12 голови разлика, 30-18.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога избраничките на Александар Царчев водеа со 19-8.
Најдобри стрелци во Вардар беа Ивона Трпевска со шест и Михаела Велјаноска со четири погодоци, а голманката Андреа Илиќ имаше осум одбрани.
Вардар и Спартак денеска ќе ги дознаат натпреварувачките броеви пред стартот на сезоната во Женската лига, па ќе биде познат и распоредот на натпреварите.