Собранието на РФМ не го изгласа предлогот што требаше „да се протурка на мала врата“ за делба на Супер лигата на Супер А и Супер Б, со по 8 екипи, и за тоа ќе се разговара дополнително на Конференција на клубовите до крајот на годинава. Собранието на РФМ донесе одлука за ова да реши УО на РФМ во консултација со конференцијата на клубовите. Таа одлука сепак да важи за сезоната 2024/2025.
Откако од Агенцијата за млади и спорт објаснија дека доколку се усвои ваков систем тогаш и ваучерот кој досега го добивале нема да биде ист, туку оние што ќе бидат во послабата „Супер Б“ лига ќе имаат второлигашки ваучер. Тоа значи едните ќе добијат помал ваучер.
На предлогот кој е потпишан од 25 клубови, требаше од 2024/2025 година да има Супер А лига со 8 екипи кои би играле вкупно 28 кола, а и оние од Супер Б исто така би имале 28 кола. Но, треба да има испаѓање од Супер А во Супер Б лигата, и влегување од понискиот ранг во повисокиот. Тоа значи дека се две лиги со различен ранг.
Претставникот на Еурофарм Пелистер прв кажа дека тие не го потпишале предлогот и наместо 8 екипи треба да се размисли за намалување на лигата од сегашните 16, на 12 или 10 и тоа да биде постепено. На тоа се надоврза и Пролет кој потенцира дека во случај на 8 екипи може да се случи во Супер А лига да бидат и Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, и Алкалоид и Мулти Есенс. Па ќе треба да се менува нешто друго.
Единствен клуб што го прифати предлогот беше Вардар1961, чиј претставник смета дека недостасуваат силни мечеви, но дека треба да се води сметка и за помалите клубови и нивните потреби.
Предлогот не помина на гласање, а новиот предлог е сепак новиот систем да важи од следната сезона, а за тоа да реши УО на РФМ во консултација со Конференцијата на клубовите.