Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација донесе одлука за суспензија на тимот на Анортозис Фамагуста од европските натпреварувања.
Анортозис, во чии редови од ова лето настапува македонскиот голман Мартин Јовановски, доби суспензија од две сезони.
Причината за оваа одлука е дивеењето на навивачите на кипарскиот тим за време на натпреварот со Горење Велење во Словенија од Европскиот Куп.
Тие предизвикаа инцидент во кој имаше повредени, а имаше предизвикана и материјална штета.
Освен суспензијата, Анортозис ќе треба да плати и парична казна од 40.000 евра за ЕХФ и 5.700 евра оштета за словенечкиот клуб поради материјалната штета.
Суспензијата е за првата сезона, а втората ќе биде условна и ќе се активира, ако се повтори ваков или сличен инцидент од страна на навивачите на Анортозис.