Новата натпреварувачка сезона во Бундес лигата, која е најсилното натпреварување во светот, започнува денес.
Сезоната ќе биде отворена со дуел меѓу екипите на Вецлар и актуелниот европски шампион Магдебург.
Во тимот на Вецлар настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузманвоски, додека помошен тренер е Филип Миркуловски.
Вецлар во текот на подготвителниот период покажа дека има сили да се носи со поквалитетни екипи и се очекува тоа да го демонстрира на денешниот меч.
Низ Европа ќе бидат одиграни голем број контролни дуели, бидејќи најголемиот дел од екипите се наоѓаат во последната фаза од подготвителниот период.
На денешната програма се и четири дуели на третото издание на женскиот турнир „Ѓорче Петров Куп 2023“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:00 ЖЕЛЕЗНИЧАР – ПАОК (ЃОРЧЕ КУП)
12:00 БОР – ПАНОРАМА (ЃОРЧЕ КУП)
19:00 ВЕЦЛАР – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)
19:00 БЕКАМЕНТ – ВАРДАР (ЃОРЧЕ КУП
21:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (ЃОРЧЕ КУП)