Македонскиот интернационалец Дарио Петровски во новата сезона ќе настапува во шампионатот на БиХ.
Битолчанецот, кој во минатата сезона играше во Јуниор Фасано, клуб со кој стигна до шампионската титула во Италија, потпиша едногодишен договор со босанскиот суперлигаш Коњух.
Станува збор за клуб кој за следната сезона има амбиции да направи чекор повеќе од минатата сезона, во која заврши на 8. позиција и немаше многу среќа во битката за излез на европска сцена.
25-годишниот ракометар за претстојната сезона имаше неколку понуди за камбек во Македонија, но се реши за нов интернационален предизвик.
Петровски освен за Јуниор Фасано, на интернационално ниво настапуваше и за Гвадалахара од Шпанија, додека во Македонија го носеше дресот на првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, како и на Струга.