На Светското кадетско првенство во Хрватска некои репрезентации не ги остварија зацртаните цели и завршија без пласман во ТОП 16.
Шведска и Исланд беа елиминирани во групната фаза, додека четвртата европска сила, репрезентацијата на Унгарија, која доживеа пораз од Македонија во разигрувањето за пласман од 9 до 12 место, ќе мора да се задоволи со 11. позиција.
Иако не се пласира во четвртфиналето, репрезентацијата на Македонија, заедно со Фарски Острови, кои немаа многу среќа во четвртфиналето против Египет, се најголемите изненадувања на кадетскиот Мундијал.
Од екс-ју земјите, најголем успех постигна Хрватска со пласманот во полуфинале, но „коцкестите“ в недела ќе играат за бронзата на Светското првенство. Македонија заврши на 9 место, кадетите на Словенија се позиционираа на 15 место, додека црногорската репрезентација на чело со екс вардарецот Андреј Добрковиќ настапот на кадетскиот Мундијал го заврши на 20 место.
На позициите од 21 до 32 место завршија најголемиот број репрезентации од Африка, Аазија и Америка. Саудиска Арабија и Иран играа во главната рунда и се двете единствени репрезентации од Азија со пласман меѓу најдобрите 16 на Светското првенство.
Денеска ќе се одиграат дуелите за пласман на седмо и петто место, како и дуелот за трето место и финалето. За трофејот на Светското првенство ќе се борат Данска и Шпанија, за утешната бронза домаќинот Хрватска со Египет.
Конечен пласман (9-32 место)
- МАКЕДОНИЈА
- ЧЕШКА
- УНГАРИЈА
- САУДИСКА АРАБИЈА
- АВСТРИЈА
- БРАЗИЛ
- СЛОВЕНИЈА
- ИРАН
- ШВЕДСКА
- МАРОКО
- ИСЛАНД
- ЦРНА ГОРА
- ЈАПОНИЈА
- АЛЖИР
- АРГЕНТИНА
- ЧИЛЕ
- ЈУЖНА КОРЕЈА
- ГРУЗИЈА
- РУАНДА
- САД
- БАХРЕИН
- МЕКСИКО
- НОВ ЗЕЛАНД
- БУРУНДИ