Европската ракометна федерација потврди дека македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на натпреварите од Лигата на шампионите во Битола.
ЕХФ побара од битолчани да извршат некои корекции во и околу салата, кои до стартот на ЛШ ќе бидат завршени, па „Боро Чурлевски“ доби дозвола и ќе ги пречека гигантите ПСЖ, Кил, Алборг, Келце…
Првиот натпревар против норвешкиот Колстад веќе е закажан и ќе се игра на 13 септември од 18:45 часот.
Еурофарм Пелистер веќе играше во Лигата на шампионите во оваа сала во поново време, но во сегментот Ц и Д групи, кога елитното натпреварување се играше по друг систем.
Нема сомнеж дека атмосферата во „Боро Чурлевски“ ќе биде пеколна, а „Чкембари“ и битолската публика ќе бидат осмиот играч на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.