Легендарниот Микел Хансен која скоро цела мината сезона остана надвор од ракометните терени, се враќа во стројот.
Членот на данскиот вицепрвак Алборг, ќе ги започне подготовките со неговиот тим в четврток и ќе се врати на терените.
Тој на стартот на пролетниот дел од минатата сезона „зема“ одмор и пауза од ракометот поради стресниот период низ кој минуваше.
Според очекувањата на раководството на Алборг и пишувањата на „Ekstrabaldet“, Хансен треба да е подготвен за максимални напори од стартот на сезоната.
Тој и Алборг се едни од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а битолчани гостуваат во Данска во второто коло од елитното натпреварување.