Професорот Јаковче со „Винер Старс“ ќе создава ракометни ѕвезди

Познатиот создавач на ракометни ѕвезди Јаковче Матлиевски во новата сезона почнува нова ракометна приказна и пред себе ќе има нов предизвик. Ќе биде дел од новиот клуб „Винер Старс“ кој ќе почне да се натпреварува во младите категории и е веќе пријавен во пионерската ракометна лига на Македонија. И повторно со цел, да биде во врвот и да создаде нови репрезентативци на Македонија.

Откако две сезони беше дел од Голден Арт, и со тимот стигна до финалето на пионерската лига во Македонија, сега Матлиевски почнува самостојно и има цел – пак да биде меѓу најдобрите. А претходно во родната Струга под негово водство тренираа многу поранешни и сегашни репрезентативци.

Доволна препорака е што прв учител на Наумче Мојсовски, Велко Марковски, Ацо Јоноски, Златко Мојсоски, Златко Даскаловски, Горан Ѓоргоновски, Емилијан Ѓорговски и уште дузина други ракометари кои потоа направија трансфер во други екипи, бил токму Матлиевски.

Под водство на Јаковче Матлиевски лани пионерската екипа на Голден Арт стигна до финалето на пионерската лига, и тројца ракометари од тој тим беа дел од Ол стар тимот на турнирот. Истите момчиња настапуваа и во кадетската лига. За разлика од пионерите каде имаа само едно реми, и пораз од еден гол во финалето, во кадетска конкуренција младите играчи собира искуство, и во пролетниот дел од сезоната веќе „покажуваа заби„ и беа рамноправни на речиси секој меч.

Сега Матлиевски регрутира нови момчиња што ќе играат за тимот, и ги повикува сите што сакаат да стигнат до ракометните височини, и да ги научат тајните на овој спорт да се приклучат на Винер Старс.

Ако имате желба да учите од професор Јаковче, можете да го побарате на 071 700 071