Поранешниот младински репрезентативец Давор Палевски реши ова лето да му каже збогум на ергенскиот живот.
Тој ја побара за сопруга неговата девојка Симона Богоевска, а од неа доби потврден одговор и подготовките за свадба може да почнат.
Запросувањето се случи во јужниот сосед на Македонија, каде што парот го минува летниот одмор.
Палевски ги бранеше боите на Металург 2, Металург со кој беше дел од Лигата на шампионите, потоа играше и за Работнички.
Две сезони беше најдобар стрелец во суперлигашкото друштво, а последните три години настапува за тимот на Пролет.