Новата сезона во суперлигашкото друштво ќе стартува во вториот викенд од месец септември, на 9 или 10. Во групата А се најдоа екипите на Струга, Охрид, Куманово, Аеродром, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2, Скопје и Алкалоид.
На стартот на сезоната во првото коло ќе има езерско дерби, а ќе биде интересно и во Кавадарци каде Тиквеш го пречекува незгодниот Еурофарм Пелистер 2.
Во второто коло засилениот Охрид го чека тимот на Кире Лазаров (16/17 септември), додека охриѓани гостуваат кај Тиквеш во петтото коло (7/8 октомври). Дуелите меѓу тимот предводен од Лазаров и кавадарчани ќе се одиграат во 7, односно 14 коло.
Ќе има едно вонредно коло (10/11 октомври), една ЕХФ недела (30 октомври/5 ноември), а пред последното коло ќе се одиграат и натпреварите од елиминациското коло во Купот на Македонија.
Во продолжение е целосниот распоред за регуларниот дел од сезоната (група А).