Македонскиот интернационалец Дарко Георгиевски од следната сезона се враќа во Франција каде настапуваше долго време.
Македонецот во новата сезона ќе го носи дресот на тимот на Енебон Лорис. Се работи за клуб кој се натпреварува во Третата лига на Франција.
Георгиевски минатата година беше член на босанската Слобода Тулза, а претходно го носеше дресот на Анже.
Левиот бек, кој настапуваше за репрезентацијата на СП 2021, во Македонија настапуваше за екипите на Охрид, Вардар, МРК Вардар, Куманово, Драчево и Пелистер.
Во Франција две години мина во Монтелимар и една сезона во Белфор, а беше дел од Ред Бојс Диферданж од Луксембург.