Кадетскиот тим на Вардар за време на подготвителниот период ќе настапи на турнир во соседна Србија.
Тимот предводен од Анжела Платон ќе игра на меѓународниот турнир “Лавови 2023″, кој ќе се одржи во Белград.
На ланското издание на турнирот имаше екипи од осум земји, додека за годинешното издание се уште се дефинираат учесниците.
Вардар во изминатата сезона стигна до четвртфиналето во кадетска конкуренција и на патот до Ф4 турнирот беше елиминиран од старо-новиот шампион Стружанка.