Женската младинска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на турнирот „Четири нации“ што изминатите три дена се одржуваше во унгарскиот град Дабас, откако славеше над САД со 36-17.
Ривалот парираше во првите дваесетина минути до 7-7, а потоа со одлична одбрана нашите ракометарки со серија од пет голови стигнаа до највисоките 12-8. Со тој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел избраничките на Јулијана Дамчевска набрзина стигнаа до 19-10, поставите се измешаа на теренот и шанса добија сите ракометарки. Водството на Македонија само се зголемуваше и до крај беше само одработено рутински.
Нестороска и Младеновска дадоа по седум гола, додека по четири пати стрелаа Ризоска, Jанкуловска и Еленин. Натпреварите со Унгарија, Холандија и САД беа дел од подготовките за ЕП. Македонија е во група со Данска, Чешка и Црна Гора на континенталниот собир за младинки што ќе се игра во Романија од 6 до 16 јули.