Вчерашниот пад на исландскиот репрезентативец Гисли Кристјансон во финишот на регуларниот дел од мечот против Барселона, се чинеше дека ќе го одвои од ракометните терени подолго време.
Тој го дислоцира шутерското рамо и тренерот Вигерт најавија дека Кристјансон ќе пауза неколку месеци.
Дали тоа беше само блеф за да се збуни противникот или навистина синоќа не се знаеше дали Кристјансон ќе може да игра денеска, веројатно нема да се дознае.
Кристјансон во последен момент беше подготвен за овој турнир, бидејќи го повреди зглобот во мај и најавите беа дека ќе го пропушти Келн.
Успеа навреме да се рехабилитира, а не беше пречка ниту вчерашната повреда на рамото, па денеска се најде во составот и беше меѓу меѓу најдобрите поединци.