Три дена откако 24ракомет објави за идејата за намалување на Супер лигата од сегашните 16 на две лиги по 8 екипи, стигна и официјалната потврда. Претставник на РФМ, на семинарот за тренери во Охрид на присутните тренери им го презентираше системот кој засега е само како предлог. Ова е прво јавно промовирање на предлогот кој допрва треба да стигне до клубовите.
Но, истиот се турка да помине низ сите структури пред да дојде до Собранието. Тренерите што бее присутни во Охрид немаа ниту забелешки ниту пак го пофалија предлогот.
Според предлогот новиот систем би требало да почне да функционира од сезоната 2024/2025. Треба лигата да биде поделена на два групи, А и Б, и двете да имаат по 8 екипи. Ако досега на една новоформирана екипа и требаше само една сезона за да може да игра во Супер лига, сега за тоа ќе и треба три сезони.
Ако се прифати предлогот тогаш екипите што следната сезона ќе играат во плејофот (од 1 до 7 место) ќе бидат дел од новата Група А за сезоната 2024/2025. Екипите пак што ќе играат во плејаут (од 2 до 6 место) ќе бидат дел од Група Б.
Екипата што ќе биде 8 место во плејофот ќе игра бараж со првопласираниот тим од плејаутот. Победникот од тој двомеч ќе биде дел од Група А за сезоната 2024/2025.
Група Б ќе биде надополнета со првите две екипи од Прва лига кои ќе влезат на местото на 7 и 8 пласираниот тим во плејаут.
Нов начин на бодување
Покрај воведувањето на две лиги, Супер А и Супер Б, од сезоната 2024/2025 ќе има и нов систем на бодување. Тоа всушност ќе биде враќање на „стариот“ каде за победа ќе се добиваат 2 бода, а за реми – 1 бод.
Натпреварите за сезоната 2024/2025 ќе се играат по двокружен систем (двапати домаќин и гостин), односно вкупно 28 кола. И тоа во двете групи, и во Супер лига А и Супер лига Б.
Како после 2024 година
По одигрување на 28-те кола од Супер лигата (група А) од сезоната 2024/2025, екипите што ќе бидат пласирани од 1 до 6 место остануваат во истиот ранг и понатаму. Последнопласираниот тим, 8 место ќе испадне и ќе игра понатаму во Група Б. Седмопласираниот тим од Група А ќе игра бараж со второпласираниот тим од Група Б.
Во Група Б, победникот во сезоната 2024/2025 ќе оди ранг погоре и ќе игра во Група А. Второпласираниот тим ќе игра бараж меч со 7 пласираниот тим од Група А за влез во ранг погоре. Екипите од 3 до 6 место остануваат во истата група и понатаму.
Оние што ќе бидат на 7 и 8 место ќе испаднат и ќе се пласираат во Прва лига.
Победникот од Прва лига и второпласираниот тим ќе играат понатаму во Супер Б лига.
Првата лига ќе се моделира според бројот на пријавени екипи.
РФМ (ќе) има нов предлог: Од 2024 суперлигата да биде со 8 екипи!