РФМ (ќе) има нов предлог: Од 2024 суперлигата да биде со 8 екипи!

Менување на систем на натпреварување се прави најмалку една сезона однапред, и со одлука на Собранието. Но, може и тоа да се скокне, ако решат клубовите. Само треба да има Собрание на РФМ!

Засега само со усни јавувања меѓу клубовите, и со цел да се „опипа пулсот“ меѓу оние што сега играат во суперлигата, од Ракометната федерација на Македонија се готви нов предлог за кратење на лигата. Наместо сегашните 16 екипи највиоскиот ранг на натпреварување да има само 8 тима! И тоа да почне да се применува од сезоната 2024/2025 година.

Кога меѓу клубовите ќе почне да провејува вакво размислување, потпрашување и барање мислење, тогаш е повеќе од сигурно дека системот веројатно ќе биде сменет. Останува само прашањето кога и како ќе се изведе сето тоа.

Според информациите на 24ракомет, клубовите се контактираат дали се согласни во иднина наместо една гломазна лига од 16 екипи, да има два Суперлиги – наречени Суперлига А и уште една како Суперлига Б. Така ќе има повеќе дерби натпревари и четворокружен систем односно ќе се игра по двапати на дома и во гости. Првично како размислување, иако доаѓа од претставници на РФМ, што треба да биде преточено во иднина како барање на клубовите.

Потоа ќе има и детали, дали и како ќе се пополнува лигата, кој влегува, а кој излегува. дали ќе има и две поделени Први лиги? Дали во Супер лига Б ќе може да има странци?  Можеби ќе има и дебата и објаснување, што сега ќе се добие со намалувањето на лигата?

Сегашниот систем со 16 екипи донесе квантитет, но не и квалитет. Неколку екипи доминираа. Новиот систем беше донесе на предлог поставен на Собрание во 2021 година, откако претходно системот беше со 16 екипи, па се скрати на 12. А во сезоната 2020/2021 година имавме систем со 16 екипи. И сега оваа сезона се игра по овој терк, но се покажа како гломазен и не го донесе очекуваниот ефект, освен што некои клубови полесно влегоа меѓу суперлигашите.

На некои екипи веројатно не им се патува толку многу и многу натпревари да играат, особено оние што треба да играат и во европските купови. Па играњето среда – сабота – среда е напорно за тие што немаат големо искуство во ваквите набиени календари.