Српскиот шампион Војводина ќе има сезона за паметење откако денеска го освои и трофејот во Купот на Србија.
По првиот меч со Динамо Панчево, во Нови Сад, Војводина славеше со 28-22, а на реваншот во Панчево загуби со 31-30, но и тоа беше доволно за нов трофеј.
Ова е осми трофеј во Купот на Србија за избраниците на Борис Ројевиќ, кои оваа сезона освоија и шампионска титула, како и трофеј во Европскиот Куп.
Војводина се пријави и за вајлд-карта во Лигата на шампионите, но според очекувањата за српскиот тим ќе има место во Лигата на Европа.