Една од легендите на рускиот ракомет и екс тренер на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова, ќе биде новиот предводник на рускиот вицепрвак Ростов Дон.
Некогашната руска репрезентативка клупата на Ростов Дон ќе ја преземе од тренерската палка на Александар Буримистров, кој беше привремено назначен, откако од клубот си замина Едуард Кокшаров.
Дибирова токму во женскиот тим на Вардар го имаше првото и единствено тренерско искуство и во Македонија живееше десет години. Таа ги водеше ,,црвено-црните” во сезоната 2016/17, кога го замени Давид Дејвис, а следната сезона заедно со Роберто Гарсија Парондо го однесоа клубот на завршниот турнир во ЛШ.
Тимот на Вардар во тие две сезони играше финале во елитното натпреварување и двапати по ред губеше од Ѓер во борбата за златниот медал.
Новиот тренер на Ростов Дон со селекцијата на Русија освои медали на сите големи натпреварувања и имаше богата и успешна кариера во Ростов Дон, Лада Тољати, Ѕвезда Звенигород и данскиот Шлагелсе.