Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски во финишот на оваа сезона добија уште едно признание.
Тие се делегирани да го судат финалето на Азиското клупско првенство кое денеска се игра со почеток од 15:00 часот.
Во битката за злато и билетот за Супер Глоуб во ноември ќе се сретнат екипите на Ал Наџма од Бахреин и Ал Духаил од Катар.
За третото место и бронза два часа порано, односно од 13:00 часот ќе играат екипите на Ал Рајан од Катар и Казма од Кувајт.
Николов и Начевски беа единствените странски судии на овој настан кој десетина се одржува(ше) во Иран.