- Иако беше поврзуван со трансфер во романската Стеауа, сепак екс членот на Металург и Загреб, Лука Мраковчиќ, го продолжи договорот со германскиот Либек, каде што игра од 2021 година.
- Поранешниот десен бек на Струга, Грузиецот Гиорги Дикаминџија, од следната сезона ќе ги брани боите на чешкиот тим Ловосице, каде што игра легендарниот Павел Хорак. По заминувањето од Струга, Дикаминџија играше на Исланд и во Германија.
- Унгарскиот првак Веспрем го позајми средниот бек Петер Лукач на норвешкиот вицепрвак Елверум во следните две сезони. Лукач по трансферот од Ференцварош во 2021 не се изнаигра во тимот на Момир Илиќ.
- Словачкиот вицепрвак Татран Прешов промовираше три засилувања пред стартот на новата сезона. Тоа се хрватскиот голман Марио Цвитковиќ, кој доаѓа од францускиот Сарбур, чешкото десно крило Јозеф Гозман од шампионот Повашка Бистрица, како и десниот бек од Гумерсбах, Даниел Полански.
- Шпанскиот Гранољерс објави дека е постигнат договор со десното крило Пабло Урдангарин, кој доаѓа од европскиот првак Барселона, каде не добиваше минутажа во конкуренција со Алеш Гомес и Блаж Јанц.
- Бундеслигашот Хановер најде нов кружен напаѓач во името на шведскиот интернационалец Адам Нујфал од Вецлар. Нујфал потпиша договор со Хановер до 2025 година и ќе биде замена за Евгениј Певнов.