Поранешниот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, во следните две сезони ќе го предводи поранешниот европски шампион Подравка.
За искусниот стратег преземањето на клубот од Копривница е првиот предизвик во женскиот ракомет, бидејќи тој во својата тренерска кариера работеше само во машки клубови.
Клубот од Копривница откако се раздели со екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, во последните четири месеци беше предводен од Антонио Прањиќ.
Обрван во периодот од февруари, 2021, па до март, 2022, ја предводеше машката сениорска репрезентација на БиХ.
Иако имаше договор на четири години со ракометниот сојуз на БиХ, сепак, поради неисполнетите обврски од страна на ракометната босанска куќа, тој одлучи да си замине од селекторската функција. Во истата година, 2022, се раздели со хрватскиот шампион Загреб и повеќе од една година беше без никаков ангажман.
Во својата тренерска кариера ги предводеше и Шамбери, Медвешчак, Горење Велење и Метковиќ.