Тимот на Кадетен Шафхаузен ја доби финалната серија против Криенс Луцерн со 3-1 и одново стана шампион на Швајцарија.
На последниот натпревар што се играше во Шафхаузен, Кадетен славеше со 32-28, а за гостите беше проблем отсуството на Енди Шмид и уште тројца ракометари.
Триото Кањелас, Рикардсон и Марос со по пет голови, како и голманот Пилиповиќ со десет одбрани, беа предводници на Кадетен во новата победа што значеше и титула.
Со освојувањето на титулата, Кадетен може да аплицира за место во Лигата на шампионите, а доколку не го добие ќе игра директно во Лигата на Европа.