Тимот на Кил направи голем чекор напред до титулата во Бундес лигата, откако славеше против Вецлар со 38-23.
Натпреварот од 33 коло во Бундес лигата беше решен уште по првото полувреме, кога „зебрите“ имаа плус девет, 19-10, против тимот предводен од Филип Миркуловски.
Сега Кил има 57 бодови на првото место на табелата, пред Магдебург, кој е втор со 53, но и меч помалку.
Последното коло од Бундес лигата, кога Кил ќе треба да ја завери титулата, ќе се игра на 11 јуни.