Кузманов: Кога е најтешко Вардар игра најдобро

Неготино повторно покажа дека е ракометен град, па иако беше на работ да се врати меѓу прволигашите кога беше најважно тие одиграа најдобро. Вардар Неготино и в година ќе биде во елитата, а градот ќе ужива во игрите и мајсториите на најдобрите ракометари во Македонија. Во баражот за опстанок, на неутрален терен Вардар Неготино со 27-22 (14-12) го победи Драчево.

Скопскиот клуб како третопласиран доби шанса да игра за пополнување на Супер лига, а неготинци пак шанса да останат со најдобрите, и ја искористија.

По триумфот во Прилеп, прославија ракометарите и навивачите заедно на плоштадот во Неготино. Се запалија факли, се пееја песни. Но, падна и ветување дека в година тимот ќе биде подобар и со резултати кои ќе му донесат стабилност.

„Една година во Супер лигата ни беше период во кој ги надминавме детските болести, собравме искуство и пред се ја вративме публиката во салата во Неготино. Знаеме дека сега стрепевме до самиот крај на сезоната, но токму играњето во најдобрата лига ни го донесе потребното исктсво, смиреност и знаење како да останеме присебни и да победиме, вели Драган Кузманов, капитенот на Вардар Неготино. „Кога е најтешко, Вардар игра најдобро. Тоа го покажавме многупати“.

Одличниот почеток на средбата беше клучен за мечот, бидејќи Вардар Неготино фати залет, а Драчево потоа тешко се враќаше во игра. Двапати скопјани се приближија на само два гола негатива, но го немаа потребното за скокот.

„Нормално е да се има падови во играта. Важно е тие да може да се контролираат и во тој период кога не ви оди добро, да знате како да направите тактика за побрзо враќање. На вакви натпревари нем амногу тактизирање, секоја шанса треба да се искористи. Игравме добро во одбрана особено во првиот дел. Ангелов го сопре тоа што помина низ нашата одбрана, а потоа во контра е полесно да реализираше, смета Кузманов.

Следната сезона Неготино ќе ја продолжи традицијата на постоење дерби во Тиквешијата. Во моментов нивните соседи од Кавадарци се подобри, изборија играње во Европа, но целта на неготинци е да бидат прво стабилен тим, а потоа и да направат чекор напред.

Винари „го запалија“ Неготино (ФОТО+ВИДЕО)

Неготинци си ја исполнија желбата – остануваат во елитата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелов: Им помогнав на момците да останат во Супер лигата, в година ќе бидеме многу подобри!

Вардар Неготино го доби баражот за опстанок и останува во Супер лигата