Ангелов: Им помогнав на момците да останат во Супер лигата, в година ќе бидеме многу подобри!

Екипата на Вардар Неготино успеа да обезбеди опстанок во Супер лигата, откако во бараж дуелот, кој беше одигран на неутрален терен во Прилеп, славеше против прволигашот Драчево со 27:22 (14:12).

Голема улога во победата на тимот од Неготино имаше легендарниот македонски чувар Петар Ангелов. Тој мечот го заврши со 13 одбрани, од што само во првото полувреме имаше 11 одбранети тпки и плус седмерец.

Искусниот голман кој има двојна улога во Варар Неготино, како играч и тренер, имаше одлична партија во првиот дел, која беше надополнета со уште неколку клучни интервенции во вторите 30 минути.

,,Мислам дека поголемото искуство на нашите ракометари беше клучно за денешниот важен триумф. Имаме поголем ростер, повеќе играчи на располагање за разлика од Драчево, и тоа си го направи своето. Јас мојот дел на овој дуел го завршив многу добро, им помогнав на момците со своето искуство да останат во Супер лигата. Само треба да работиме уште подобро, ни треба повеќе концентрација, многу работа и мислам дека во следната сезона оваа екипа ќе биде многу добра и против нас сите клубови ќе имаат респект. Што се однесува до плановите за следните сезона, најпрво да прославиме, да си легнат работите, па за понатаму ќе размислување”, изјави Ангелов за 24 Ракомет.

Вардар Неготино го доби баражот за опстанок и останува во Супер лигата

Неготинци си ја исполнија желбата – остануваат во елитата (ФОТОГАЛЕРИЈА)