Денеска во Келн во „Ланксес Арена“ беше извршена ждрепката за полуфиналните парови на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Бранителот на титулата, Барселона, во полуфиналето ќе се сретне со бундеслигашот Магдебург, кој во четвртфиналето ја мина Висла Плоцк.
Во второто полуфинале ќе играат францускиот ПСЖ, кој се уште е во борба за првата титула и полскиот Келце.
Сите четири натпревари ќе се играат во „Ланксес Арена“ на 17 и 18 јуни кога ќе биде познат европскиот шампион.