Иако Висла Плоцк беше сериозен ривал и на крајот можеше да му ја земе титулата на Келце на негов терен, сепак тимот на Талант Душебаев, го одбрани златото.
Келце победи со 27-24, откако и на полувремето водеше со 15-11, но Висла Плоцк во финишот се доближи во повеќе наврати на минус еден, а тој резултат и одговараше со оглед на минималниот триумф на првиот меч.
Но Терзиќ доби црвен картон на две и пол минути до крајот поради три исклучувања, па Келце тоа го искористи и стигна до плус три, 26-23.
Косоротов по тајм-аутот на Сабате намали на 26-24 на стартот на последната минута и повторно внесе возбудувања. Но одбраната на Висла не издржа, Алекс Душебаев погоди и Келце остана на полскиот трон.
Токму екс вардарецот беше најдобар стрелец во Келце со седум гола, додека Сичко и Морито дадоа по пет погодоци. Кај Висла Плоцк, Косоротов даде шест гола, а Лучин постигна четири погодоци.
Келце со овој триумф обезбеди место во Лигата на шампионите, а со оглед на резултатите оваа сезона, е многу блиску да добие вајлд-карта.